Врховниот лидер на талибанците, Хајбатула Ахунџада, им нареди на сите авганистански жени да носат бурки на јавно место. Тоа е едно од најголемите опграничувања на слободите на жените откако Талибанците ја презедоа власта во Кабул во август.

Ахунџада напиша дека носењето бурка е воведено затоа што е израз на „традиционалност и почит“. Слични кодекси на облекување важеа за жените за време на талибанскиот режим помеѓу 1996 и 2001 година.

Бурка е муслиманска облека која целосно ја покрива жената, вклучувајќи го и нејзиното лице и очи преку кои има превез.

Оние жени кои не се премногу стари или премногу млади мора да го покриваат лицето, освен очите, во согласност со шеријатските насоки, за да избегнат провокации кога ќе сретнат мажи кои не се нивни блиски роднини – се наведува во декретот.

Во одлуката пишува и дека е подобро жените да останат дома доколку немаат важна работа надвор.

Илјадници авганистански жени ги загубија своите работни места во јавниот сектор откако талибанците ја презедоа власта и им беше забрането да патуваат во градовите без придружба на мажи од семејството.

Спротивно на ветувањата, талибанците продолжуваат да го ускратуваат и образованието на девојчињата постари од 12 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.