Италијанската полиција презеде мерки на претпазливост против 59 наводни соучесници на неаполската мафија Камора, јавија локалните медиуми.

Приведени се 36 лица, на 16 им е одреден домашен притвор, а на седум лица им е изречена забрана за вршење дејност. Покрај тоа, истражителите запленија различни имоти во вредност од 150 милиони евра.

Уапсените се сомничат за изнуда, перење пари, измама, корупција, недозволено поседување огнено оружје и други кривични дела.

Камора се смета за најбрутална од сите италијански мафијашки групи. Таа стана светски популарна по објавувањето на книгата на публицистот Роберто Савијано „Гомора“, во која авторот открива дека членовите на Камора го контролираат отстранувањето на отпадот, вклучително и токсичниот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.