Телефонските и интернет врските во Газа се делумно обновени откако било доставено гориво за работа на генераторите без кое тие не се возможни.

Израел најави дека ќе дозволи два цистерни со гориво дневно да влегуваат во Газа за потребите на Обединетите нации (ОН) и за комуникациските системи.

Одобреното количество гориво е околу половина од она што ОН го бараат за спасување на стотици илјади луѓе во Газа, вклучително и отворање систем за водоснабдување, за работата на болниците, пекарите и камионите кои доставуваат најнеопходна помош.

Најмалку 11.470 Палестинци, од кои две третини жени идеца, се убиени од почетокот на војната, а околу 2.700 луѓе се водат како исчезнати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.