Вкупно 11.000 војници, 131 вооружени системи и 77 авиони учествуваа на пробата за парадата по повод Денот на победата – 9 мај на полигонот Алабино надвор од Москва, соопшти руското Министерство за одбрана.

Руската воена парада ќе се одржи на Црвениот плоштад во Москва на 9 мај, на денот на одбележувањето на 77-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Вкупно, на пробата за воената парада на Црвениот плоштад учествуваат 11.000 војници, 131 парче напредно оружје и воена опрема, како и 77 авиони и хеликоптери – се вели во соопштението.

На пробата учествуваа вкупно 33 парадни пешачки колони. Механизираната колона вклучуваше теренски оклопни возила „Тајфун“, пешадиски борбени возила „БМП-2“, „БМП-3“ и „Кургањец-25“, тенкови „Т-72Б3М“, „Т-90М пробив“ и „Т-14 Армата”, тактички ракетни системи „Искандер-М“, хаубици „мста-С“ и повеќецевни ракетни системи „торнадо-Г“, ракетни системи земја-воздух „тор-М2“, „бук- М3“ и „С-400 триумф“, борбена опрема на Воздухопловните сили и стратешки ракетни единици и борбени роботски возила „уран-9“ – пренесе ТАСС.

Руските сили ќе одржат ноќни проби на 28 април и 4 мај, а генералната проба е закажана за 7 мај, посочија од Министерството за одбрана.

Врховниот командант на руската армија Олег Саљуков е назначен за командант на парадата на Црвениот плоштад.

Паради на 9 мај ќе се организираат во 28 руски градови, а прослави со учество на армијата во 379 градови и населени места. Планиран е и огномет кој таа вечер во 22 часот по локално време ќе го осветли небото над руските градови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.