Три лица биле застрелани пред бар во Лос Анџелес каде настапувал пејачот Џастин Бибер, а на чиј концерт присуствувале многу познати имиња од Холивуд.

Пукањето се случило во петокот вечерта по настапот на канадскиот пејач, а според полицискиот извештај три лица биле застрелани.

Петнаесет минути пред три часот настанала тепачка пред шанкот, по што се слушнале истрели. Според полицијата испукани се вкупно 10 куршуми.

Сите повредени се згрижени во болница и нивната состојба е стабилна, а напаѓачот се уште е во бегство.

Настапот на Бибер, кој го најавува Супербол викендот, привлече големо внимание кај познатите личности, меѓу кои неговата сопруга Хејли Бибер, Леонардо ди Каприо, Дрејк, Амбер Роуз, Лил Бејби, сестрите Клои и Кендал Кардашијан, како и Џеф Безос со партнерката.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.