Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави намалување од седум отсто на данокот на основните прехранбени производи, бидејќи Турција се соочува со висока стапка на инфлација, јави вечерва Радио Слободна Европа.

Неговата одлука ќе стапи на сила во понеделник. Ердоган рече дека властите очекуваат прехранбените компании да ги намалат цените за седум отсто.

Според него, цените на храната сочинуваат значителен дел од инфлацијата.

Според официјалните податоци за последниот месец, инфлацијата се искачи на 48,69 отсто на годишно ниво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.