Белата куќа ја обвини Северна Кореја дека и доставила значителен број артилериски гранати на Русија за да ја поддржи нејзината инвазија на Украина.

Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби рече дека САД веруваат дека Северна Кореја „се обидува своето оружје да го испрати во земјите на Блискиот Исток или Северна Африка“.

Тој не даде конкретна проценка за количеството муниција што Северна Кореја наводно ја испраќа во Русија.

Кирби тврди дека Северна Кореја „тајно и доставува“ муниција на Русија, но дека Соединетите Држави „сè уште ја следат за да утврдат дали пратките навистина се примени“.

Тој инсистираше на тоа дека таквите пратки нема да го променат текот на војната, нагласувајќи ги напорите на Западот за снабдување на украинската армија.

Белата куќа не го прецизираше начинот на транспортирање на севернокорејските гранати во Русија, ниту дали западните земји ќе се обидат да ги пресретнат овие пратки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.