Лидерот на Доњецката Народна Република (ДНР), Денис Пушилин, информира дека украинските војници заробени во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол прифаќаат да се предадат, но бараат да бидат евакуирани во Турција наместо во областите под контрола на Киев.
Тие ги контактираат нашите сили и руската армија и се обидуваат да преговараат за најдобри услови за нивно предавање. Бараат или предлагаат, не знам кој збор би бил соодветен. Тие немаат многу доверба во Киев. Во нивните последни барања, тие порачаа дека повеќе сакаат да одат во Турција отколку да бидат евакуирани во областа под контрола од Украина. Тоа е една од опциите – информира Пушилин за ТВ каналот „Соловјев лајв“, пренесува ТАС С.
Лидерот на самопрогласената ДНР додаде дека војниците од „Азовстал“ во барањето истакнале дека планираат да го предадат оружјето во Турција.
Тие рекоа: Ќе излеземе со оружје, ќе стигнеме до Турција по море и ќе се разоружаме таму. Тоа го слушнавме од нив – вели Пушилин, пренесе ТАС С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.