Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси изјави дека нивоата на радијација во поранешната нуклеарна централа во Чернобил се „ненормални“.

Гроси истакна дека неколкунеделната окупација на локацијата од страна на Русија била „многу, многу опасна“.

Токму на денешен ден во 1986 година експлодира четвртиот реактор на тогашната советска нуклеарна централа во Чернобил, предизвикувајќи ја најтешката нуклеарна мирнодопска катастрофа. Советските власти по два дена соопштија за експлозијата.

Електраната сè уште се користи за чување на нуклеарниот отпад.

На 36-годишнината од катастрофата во Чернобил, претставници на МААЕ го посетија Чернобил. Експертите, предводени од Гроси, се во електраната за да испорачаат опрема, да спроведат радиолошки проценки и да ги обноват системите за следење на безбедноста. јт/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.