Украинскиот преговарач Олександар Чали ги коментираше резултатите од денешните разговори за украинската телевизија.

Ако успееме да ги зајакнеме овие клучни одредби, а за нас тоа е најосновно, Украина ќе биде во позиција всушност да го подобри сегашниот статус како држава која не е членка на воен сојуз во форма на постојана неутралност.

Нема да бидеме домаќини на воени бази на наша територија, ниту пак распоредуваме воени контингенти на наша територија. Нема да влегуваме во воено-политички сојузи. Нашите предлози содржат доволно материјал за да се оправда средбата меѓу украинскиот претседател Зеленски и рускиот лидер Путин, рече украинскиот преговарач, додавајќи дека се чека одговор од Русија.

Полска, Израел, Турција и Канада би можеле да бидат меѓу потенцијалните безбедносни гаранти за Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.