Шефот на пратеничката група на владејачката украинска партија и еден од главните преговарачи со Русија, Давид Арахамија, за „Радио Слободна Европа“ изјави дека руските сили влегле на територијата на фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол.

Обидите за упад во фабриката траат веќе втор ден – посочува Арахамија, пренесе „Ројтерс“.

Арахамија додава дека украинската влада се уште е во контакт со украинските сили кои го бранат „Азовстал“.

Во меѓувреме, регионалниот гувернер на Доњецк, Павло Кириленко, соопшти дека конвој цивилни автобуси го напуштил Мариупол со помош на украинските власти, Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Автобусите се упатија кон Запорожје, град контролиран од Украина – информира Кириленко, пренесува Ројтерс.

Неколку десетици луѓе евакуирани од „Азовстал“ безбедно пристигнаа во Запорожје во вторникот.

Градските власти на Мариупол во вторникот објавија дека повеќе од 200 цивили останале во фабриката за челик, а дека околу 100.000 цивили се уште се во градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.