Официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, соопшти дека руски ракети со висока прецизност уништиле четири артилериски батерии од американско производство и една радарска станица.

Високопрецизни проектили на руските воздухопловно-космички сили во текот на изминатиот ден уништија четири артилериски батерии на позиции за гаѓање – истакна Конашенков, пренесува ТАСС.

Конашенков додаде дека се уништени три складишта за муниција во областите Мирна Долина, Бахмуцкаја и Ташковка, 20 места за поставување персонал и опрема, како и радар од американско производство во областа на населеното место Попаснаја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.