Украинската армија соопшти дека руските сили го освоиле копнениот коридор што води кон Крим, полуостровот што во 2014 година на референдум се припои кон Русија.

Таквиот напредок на руските сили значи дека пристапот на Украина до Азовското Море целосно е прекинат.

Паралелно на тоа, од украинската армија објавија дека 300 руски војници одбиле да ги послушаат наредбите во областа Октирка кај градфот Суми во североисточна Украина. Украинците тврдат дека војниците „ја напуштиле областа на операцијата“, но ова тврдење досега не е независно потврдено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.