Украинската армија обвини дека северниот пограничен регион на Украина, Чернигов, бил под „масовно бомбардирање“ од територијата на рускиот сојузник Белорусија.

Околу 5:00 часот наутро (02:00 GMT) регионот Чернигов претрпе масовно бомбардирање со проектили. Дваесет ракети, истрелани од територијата на Белорусија и од воздух, го гаѓаа селото Десна – соопшти Cеверната воена команда на Украина.

Оттаму додаваат дека засега нема информации за жртви.

Десна, мало село со население од околу 7.500 луѓе, се наоѓа на 70 километри северно од Киев и слично растојание јужно од границата на Украина со Белорусија.

Нападите доаѓаат кога рускиот претседател Владимир Путин се сретна со неговиот белоруски колега и близок сојузник Александар Лукашенко во Санкт Петербург.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.