Британскиот премиер Борис Џонсон стравува дека, поради економските последици од војната во Европа, Украина може да биде соочена со притисок да преговара за мировен договор со Русија што не е во нејзин интерес, .

Премногу земји велат дека ова е европска војна што е непотребна… и затоа ќе се зголеми притисокот за да се охрабрат – можеби да се принудат – Украинците на лош мир – изјави Џонсон за телевизиските станици во главниот град на Руанда, Кигали, каде што присуствува на самитот на Комонвелтот.

Џонсон изјави дека последиците од евентуалното остварување на плановите на рускиот претседател Владимир Путин во Украина ќе бидат опасни за меѓународната безбедност и ќе значат „долгорочна економска катастрофа“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.