Украинското министерство за внатрешни работи го стави на потерница Патријархот на Москва и на цела Русија, Кирил, наведувајќи дека тој „се крие од предкривичната истрага“.

Патријархот Кирил е на потерница на Службата за безбедност на Украина од 11 ноември, а меѓу новите ажурирани податоци од базата на украинското МВР, заедно со фотографијата на патријархот и световното име Владимир Гундјаев, како превентивна мерка се бара и притвор.

На почетокот на ноември, властите во Киев објавија дека патријархот Кирил во отсуство е обвинет за задирање во територијалниот интегритет и неповредливост на Украина, но тогаш по него не беше распишана потерница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.