Бездомништвото во САД достигна рекордно високо ниво – зголемено е за драматични 12 отсто, поради значителното зголемување на наемнините и намалувањето на помошта дадена за време на епидемијата на коронавирусот.

Федералните власти велат дека тие два фактора заедно го направиле домувањето помалку прифатливо.

Околу 653.000 луѓе се регистрирани како бездомници – највисоко ниво откако феноменот почна да се мери преку годишни истражувања во 2007 година.

Вкупниот број на бездомници во јануари 2023 година е поголем за 70.650 бездомници во споредба со јануари 2022 година.

Податоците покажуваат дека најголем број нови бездомници се луѓе кои никогаш не биле тоа и дека е прекинат трендот на намалување на семејното бездомништво што почна во 2012 година.

Овие податоци ја нагласуваат итната потреба да се имплементираат докажани решенија и стратегии кои брзо ги оддалечуваат луѓето од бездомништвото и на прво место – спречуваат појава на бездомништво“, наведува Марша Фаџ, секретар во Федералното биро за домување и урбан развој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.