Украина денеска се согласи да го лиценцира извозот на житарки во Словачка, а исто така се обиде да склучи договор со Полска за ставање крај на ограничувањата наметнати од таа соседна земја за увоз на украинско жито.
Словачкото Министерство за земјоделство соопшти дека се договорило со Украина да воспостави систем за лиценцирање за трговија со житарки, кој, откако ќе се воспостави, ќе овозможи укинување на забраната за увоз на четири видови украински стоки во Словачка.
Во соопштението се наведува дека министрите се согласиле за создавање на систем за трговија со жито заснован на издавање и контрола на лиценци и се додава дека, додека овој систем не биде лансиран и целосно тестиран, останува во сила забраната за увоз на четири видови стоки од Украина, која се согласи да се откаже од нејзината жалба до СТО.
Украина соопшти дека нејзиниот министер за земјоделство во телефонски разговор со полскиот колега се согласил да се најде решение за спорот околу извозот на житарки во интерес на двете земји.
Словачка, Полска и Унгарија минатата недела воведоа ограничувања за увоз на житарки од Украина, откако извршната власт на Европската унија одлучи да не ја прошири забраната за увоз во тие земји, како и во другите членки на ЕУ – Бугарија и Романија.
Овие земји тврдат дека евтината украинска земјоделска стока, која Украина ја извезува по копно од почетокот на војната со Русија и главно треба да оди подалеку на запад и до тамошните пристаништа, се продава во нивните земји и им нанесува штета на локалните земјоделци.
ЕУ, која ја воведе забраната во мај, дозволи таа да истече во петокот, откако Украина вети дека ќе ги зајакне контролите.
Поголемиот дел од житото од Украина, еден од најголемите светски извозници, поминуваше низ петте источни земји на ЕУ.
Конфликтот ескалира откако Украина, која се сврте кон копнени патишта кон запад по руската блокада на нејзините пристаништа на Црното Море, поднесе жалба до Светската трговска организација (СТО) поради забраните и се закани со реципрочни ограничувања на увозот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.