Петмина Бугари во Велика Британија се обвинети за шпионажа во корист на Русија,објавуваат светските агенции.

Тројца мажи и две жени, на возраст од 29 до 45 години, се обвинети дека меѓу август 2020 година и февруари годинава, заговарале „собирање информации наменети директно или индиректно да бидат корисни за непријателот, со цел што им штети на безбедноста и интересите на државата“, соопштија од британското обвинителство.

Петтемина Бугари се уапсени од антитерористичката единица на лондонската полиција во февруари. Нивниот случај ќе биде сослушан во судот на Вестминстер на 26 септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.