Минатата недела, осуден убиец избегал од затвор во Пенсилванија. Данело Кавалканте (34) се качил меѓу два ѕида држејќи се за нив со рацете и нозете, а начинот на кој се качувал американските медиуми го опишаа како „одење на рак“.

Ова е огромен неуспех на овој американски казнено-поправен дом, со оглед на тоа дека на почетокот на годинава уште еден затвореник побегнал од затворот на ист начин. Вработени во затворот рекле дека по претходното бегство, била поставена жилет-жица, но дека таа очигледно била неефикасна.

Вршителот на должноста управник на затворот, Хауард Холанд, на прес-конференција изјавил дека затворот ангажирал безбедносни консултанти по бегството на Игор Болте на 19 мај, кој на полицијата ѝ рекол дека неговото искуство со качување по карпи му помогнало да избега.

Иако верувавме дека нашите безбедносни методи се доволни, се докажа спротивното. И сега бргу ќе преминеме на понапредни безбедносни мерки“, рече Холанд.

Видеото објавено од затворот го покажува Кавалканте како „оди по ѕидот, низ жицата“, додава Холанд, ставајќи ги рацете на едниот ѕид, а нозете на другиот ѕид за да се искачи. Кога стигнале до покривот, и двајцата затвореници можеле да се спуштат по скалата до нечуваниот дел од затворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.