Локалните избори во Полска ќе се одржат на 7 април, а вториот круг ќе се одржи на 21 април, соопшти на прес-конференција полскиот премиер Доналд Туск, пренесе полската новинска агенција ПАП.

-Денеска одлучив да донесам уредба, која формално треба да биде испратена до Централната изборна комисија заедно со изборниот календар, но одлуката е веќе донесена, рече премиерот.

Според Изборниот законик на Полска, изборите мора да се одржат помеѓу 31 март и 23 април 2024 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.