Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, разговарал со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, за ситуацијата на фронтот со Русија, како и за одбранбените потреби на Украина.

Го информирав генералниот секретар за неодамнешните масовни воздушни напади на Русија и ја истакнав потребата од дополнително зајакнување на противвоздушната одбрана на Украина, напиша Зеленски на платформата Х.

Тој додаде дека во разговорот била истакната важноста на безбедносниот договор меѓу Обединетото Кралство и Украина, кој се базира на Декларацијата на Г7 од Вилнус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.