Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Турција работи на организирање на нова средба на министрите за надворешни работи на Русија и на Украина.

Во рок од една или две недели може да има средба на повисоко ниво, барем на ниво на министри за надворешни работи, наведе Чавушоглу. Претходно, шефот на украинската  делегација Дејвид Арахамија на Телеграм објави дека онлајн разговорите помеѓу украинската и руската делегација ќе продолжат утре.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во меѓувреме повика на дополнителни санкции за Русија, за време на денешното виртуелно обраќање до австралиските пратеници.Зеленски предупреди на големи импликации за глобалната безбедност, доколку Русија не биде запрена.Тој зборуваше и за тоа што ќе биде по војната, па ги повика нациите и компаниите да инвестираат во обнова на Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.