Словенечката амбасада во Киев мораше да го тргне знамето на својата држава бидејќи премногу потсетувало на руското.

Вршителот на работите на Словенија во амбасадата во Киев, Боштјан Лесјак, кој во неделата пристигна во главниот град на Украина, мораше да го симне словенечкото знаме пред амбасадата, бидејќи е премногу слично на знамето на Русија, пренесува СТА, повикувајќи се на словенечки медиуми.

Според началникот, по пристигнувањето во Киев, персоналот на амбасадата ги посочил знамето на Словенија и на ЕУ, а подоцна припадниците на украинската национална гарда и полицијата побарале од нив привремено да го отстранат словенечкото знаме, бидејќи премногу личи на руското.

Лесјак додаде дека украинските власти добро се грижат за безбедноста на службениците на амбасадата и дека редовно известува за се кај словенечкиот амбасадор Томаж Менчин, кој работи во полскиот град Жешов, во близина на границата со Украина, наведува словенечката агенција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.