Интезивни врнежи предизвикаа поплави на автопатиштата во Пенсилванија, по што многу возила останаа заглавени, а три лица загинаа додека по четворица се трага, јави полицијата од градот Горен Мејкфилд.

– Акцијата што ја извршуваме ја сметаме за спасувачка, но речиси сме сигурни дека се наоѓаме во режим на потрага, изјави Тим Брауер, главен пожарникар од тамошната пожарна служба.

Систем од бури што денеска се движат кон североистокот ставија под закана од поплави околу 55 милиони луѓе, додека на 14 милиони им се заканува торнадо.

Предупредувањето за торнадо издадено денеска од Националната метеоролошка служба се однесува за големи делови од североисточниот дел на САД вклучително делови од градот Њујорк.

Поројни дождови од ниво 3 и 4 се очекуваат во Њујорк, Бостон, Филаделфија и Вашингтон, округ Колумбија.

Во изминатиот месец делови од регионот Нова Англија и североистокот на САД се исложени на 200 до 300 отсто повеќе врнежи од просечните месечни врнежи што предизвикаа катастрофални поплави со неколку жртви во државите Вермонт, Њујорк и западен Масачусетс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.