Телото на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ќе биде кремирано, а неговата пепел ќе биде положена во семејниот мавзолеј лоциран во вилата во италијанскиот град Аркоре, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на извор близок до семејството.

По државниот погреб, ковчегот со телото на Берлускони ќе биде вратен во вилата Сан Мартино, во близина на Милано, а телото ќе биде кремирано во крематориумот „Валенсијано Панта Реј“.

Берлускони првично го изградил мавзолејот за себе, за членовите на неговото семејство и пријателите, но дури подоцна дознал дека законот дозволува телата да се погребуваат само на јавни гробишта. Сепак, пепелта може да се стави во мавзолеј.

Берлускони почина пред два дена во болница во Милано, на 87-годишна возраст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.