Кремљ денеска соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц „ги презентирал логиката и основните задачи на руската операција во Украина“.

Владимир Путин детално ги наведе логиката и главните задачи на специјалната воена операција за заштита на народните републики во Донбас, а зборуваше и за мерките преземени за обезбедување на безбедноста на цивилното население, се наведува во соопштението на Кремљ.

Путин, според Кремљ, го информирал Шолц и за учеството на претставници на ОН и на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во евакуацијата на цивили од челичарницата Азовстал во Мариупол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.