Skip to main content

Разговор на Гоце Наневски со Ана Франговска во КСП Центар Јадро

Културно социјалниот порстор Центар Јадро и месецов ја продолжува серијата разговори со визуелни уметници од различни генерации кои континуирано се присутни на локалната и меѓународната уметничка сцена.

На 3 декември кураторката и историчарка на уметност Ана Франговска, која го прави изборот на уметници, ќе одржи разговор со уметникот Гоце Наневски, а на 4 декември со уметницата Вана Урошевиќ. И двете средби почнуваат во 20 часот во КСП Центар Јадро.

Вана Урошевиќ (1961, Скопје) е современa македонска ликовна уметница која дејствува на полето новите визуелни истражувања, при што користи несекојдневни материјали и техники. Освен слики на свила изработува објекти и инсталации, користејќи понекогаш и елементи од органска природа: крзна, животински коски, инсекти. Во своите проекти вклучува документи, фотографии, анкети, искажувања, цитати.

Дипломирала на Факултетот на ликовни уметности во Белград, во класата на професорот Младен Србиновиќ, а последипломските студии на истиот факултет, во класата на професорот Радомир Рељиќ, добивајќи звање магистер по сликарство. Во 1987 година имала студиски престој во Париз, а во 1988, како стипендист на италијанската влада, била на специјализација во Венеција, на Академија на убавите уметности. Имала самостојни изложби во Скопје, Битола, Струга, Белград, Софија, Солун, Љубљана, Виена, Њујорк. Во 2002 година изложувала на Есенскиот салон во Париз, а во 2003 г. ја претставува Македонија на Венециското биенале. Работи во Националната галерија на Македонија во Скопје. Од 2010 покрај самостојните настапи реализира и заеднички проекти со Зоран Тодовиќ. Учествувала на бројни групни изложби: Љубљана. Белград, Сарајево, Нови Сад, Загреб, Женева, Париз, Лондон, Хамбург, Берлин, Виена, Рим, Талин, Прага, Њујорк.

Гоце Наневски (1974, Скопје). Предмет на неговите уметнички интереси вклучуваат широки интердисциплинарни истражувања во морфологијата на скулптурата, инсталацијата, објектот и скулптурата во големи размери, кинетиката, звукот, амбиентот, фотографијата, перформансот и видео уметноста. Автор е и на колаборативни дела кои опфаќаат разновидни искуства и сознанија од повеќе дисциплини, преплетувајќи ги уметничките проседеа со оние на политиката, социологијата, антропологијата, механиката, електрониката, звукот и перформансот.

Дипломирал ( 1996г.) и магистрирал (2002г.) на отсекот скулптура на Факултетот за ликовни уметности, УКИМ во Скопје. Вработен е на ФЛУ Скопје како редовен професор на Катедрата за скулптура и трансмедиумски практики. Во интервалот 2012-2016 година ја извршувал функцијата Продекан за настава, а од 2023 година Продекан за финансии. Самостојни изложби: Сараево, Кавадарци, Прилеп, Скопје, Њујорк, Цетиње, Бања Лука, Венеција, (53. Венециско биенале, „Создавање светови“, со проектот „Педесет или Педесет“), Никшиќ, Пловдив, Велес,Групни изложби: Кавадарци, Скопје, Кошице, Битола, Приштина, Торино, Лисабон, Сараево, Цетиње, Баку, Минхен, Загреб, Каиро, Њујорк, Брисел, Варна, Ксанти, Велес, Прилеп, Лос Анџелес, Калдас Да Раиња, Трст , Торес Ведраш, Констанца.

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom