Во пет африкански земји е пронајдена подваријанта на сојот омикрон коронавирус познат како „БА.2“ или „стелт омикрон“, изјави денеска научник од Светската здравствена организација, додавајќи дека се загрижени поради ваквиот развој на настаните.
BA.2 е регистриран во пет земји, имено Боцвана, Кенија, Малави, Сенегал, како и во Јужноафриканската Република. „Многу сме загрижени“, изјави д-р Никси Гумеде-Моелечи на онлајн прес-конференција, пренесува Ројтерс.
Научниците потенцираат дека подваријантата на омикрон БА.2, која досега е регистрирана во повеќе од 60 земји, потешко се детектира со ПЦР тест, заради што некои ја нарекоа „скриен омикрон“ или (stealth omicton).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.