Премиерите на Полска и Чешка, Матеуш Моравјецки и Петр Фијала, во Прага потпишаа договор за еколошки контроверзниот полски рудник Туров, кој се наоѓа на полско-чешката граница. Договорот предвидува Чешка да ја повлече тужбата до Судот на правдата на ЕУ, за Полска да биде поштедена од казна, која изнесува пола милион евра дневно.

Полската влада ја одби привремената мерка на Судот, која се состои од стопирање на работата на рудникот, додека земјата не се договори со Чешкаили не ги реши еколошките проблеми, кои рудникот ги предизвикува од другата страна на границата. Полска одби и да плаќа казна.

Полска се обврза да догради ефикасен подземен ѕид, кој би спречил подземните води да се спуштат на чешката страна од границата. Се обврза и на изградба надземен бедем, кој ќе го штити населението на блиските општини од бука, прашина и светла – изјави чешкиот премиер Фијала, на заедничката конференција за новинарите.

Компромис е најден и во отштетата во висина од 45 милиони евра за Чешка и регионот Либерец, како и во главниот проблем, колку долго ќе трае надзорот дали Полска ефикасно го решава тој еколошки проблемпремиерот Фијала. Впериод о договорот се наведува тој да трае пет години, наместо две како што сакаше Полска или 10, како што бараше Чешка.

Спорот меѓу двете земји околу рудникот, трае веќе шест години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.