Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинските сили се обиделе да ги евакуираат водачите на украинскиот националистички баталјон „Азов“ по морски пат, но руските сили отвориле оган врз бродот и го спречиле тој обид.

Како што изјави претставникот на Министерството, генерал-мајор Игор Конашенков, украинскиот шлеп-брод „Апачи“ го сменил курсот и се обиде да упадне во блокираното пристаниште Мариупол со намера да ги извлече милитантите.

Брод под знамето на Малта пловеше во караван бродови од Таганрог до заливот Керч. Во 22.38 часот по московско време, 30 километри југоисточно од Мариупол, бродот нагло го смени правецот и се обиде да навлезе во пристаништето Мариупол, кое е под блокада од Црноморската флота. 

 

Тие одржуваа радио врска со некој на копно, каде што можеше да се забележи сигнален оган – изјави Конашенков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.