Премиерот на Украина, Денис Шмигаљ, најави дека Киев ќе го национализира целиот руски имот во Украина за да ги надомести загубите од специјалната операција.

Донесена е законска регулатива за национализација. Тие процеси веќе ги почнавме, несомнено ќе го национализираме целиот руски имот за да надоместиме дел од тие загуби што ни ги нанесува Русија – изјави Шмигаљ за телевизија „Рада“.

Украинската Врховна Рада, на 1 април усвои закон за национализација на имотот на Русите и на оние кои јавно ја поддржуваат специјалната воена операција на Русија.

Законот се однесува на Русите и лицата кои не се државјани на Русија, „но се тесно поврзани со неа, односно имаат живеалиште или се занимаваат со нивната основна дејност“ во таа земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.