Првата дама на САД, Џил Бајден, даде една од најјасните индикации дека нејзиниот сопруг, американскиот претседател Џо Бајден ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат на изборите во 2024 година, изјавувајќи дека „речиси ништо“ не останува да се направи освен да се прецизира времето и местото за тоа да биде официјално објавено.

Иако Бајден одамна ја искажа својата намера повторно да се кандидира за функцијата, тоа се уште не го направил официјално, а го мачат прашањата дали не е престар за да продолжи како претседател, со оглед на тоа што, доколку победи на изборите, на крајот на вториот претседателски мандат ќе има 86 години.

Тој вели дека сè уште не е готов со обврските. Не го завршил тоа што го почна и тоа е важно, изјави Џил Бајден во Најроби, последната станица од нејзината петдневна турнеја низ Африка.

Таа притоа праша колку пати тоа мора да повтори за луѓето да поверуваат.

Соработниците на Бајден велат дека неговата кандидатура најверојатно ќе биде објавена во април.

Првата дама на САД, неодамна беше опишана како клучната фигура во орбитата на Бајден во однос на неговите планови за иднината.

Тоа е така затоа што јас сум негова сопруга, изјави таа.

Меѓутоа, на прашањето дали таа е одлучувачкиот глас за претседателската кандидатура на сопругот, Џил Бајден одговори дека тој ќе ја сослуша, бидејќи тие се брачна двојка, меѓутоа, „тој самиот си ги носи одлуките“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.