Британските супермаркети почнаа да ја ограничуваат продажбата на одредени овошја и зеленчуци поради недостиг на продукти.

Лошите временски услови и проблемите со транспортот во Африка и Европа предизвикаа да нема домати на полиците на продавниците, како и некои други овошја и зеленчуци.

Ендрју Опи, директор за храна и одржливост во Британскиот малопродажен конзорциум, вели дека неповолните временски услови во јужна Европа и cеверна Африка ја нарушиле жетвата на некои овошја и зеленчук, вклучително и домати и пиперки.

Како што пишува весникот Индипендент, во Cеверна Африка приносите се лоши и се очекува состојбата да се подобри во наредните денови и недели.

Синџирот супермаркети „Асда“ го ограничи купувањето на три домати, три пиперки, три краставици и по една кесичка зелена салата, брокула, карфиол и малини.

Синџирот супермаркети „Морисонс“ најави дека ќе воведе рестрикции, т.е. дека ќе може да се купат само по два домати, две краставици и две пиперки. Слични мерки размислуваат и други продавници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.