Неколку лица се повредени во силно невреме што го зафати северозападниот дел на Италија и предизвика материјална штета.

Во близина на Милано неколку постари граѓани денеска се повредени кога врз нив паднало дрво, а еден маж е тешко повреден, јави агенцијата АНСА.

Исто така, надвор од Милано еден човек бил повреден кога ветрот соборил две дрва. Во регионите на Ломбардија и Пиемонт, соборените дрвја предизвикаа штета на неколку автомобили, а парковите и плоштадите се делумно затворени.

Ветрот откорнал и дел од покривот на главната железничка станица во Милано. Ветер го откорнал и покривот на училиште во провинцијата Варезе.

Пожарникарите соопштија дека до понеделник рано попладне имале околу 400 интервенции низ целата земја, главно во Ломбардија, а Агенцијата за одбрана за цивилна заштита соопшти дека невремето може да продолжи до утре.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.