Унгарија нема да испорачува оружје за Украина бидејќи сака да избегне инциденти во близина на својата граница слични на оној во близина на Лавов кога руската армија уништи контингент странско оружје испратен за украинската армија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Најважна работа за нас е безбедноста на Унгарија и ќе направиме се што е можно да спречиме нашата земја да се вклучи во војната“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со неговиот турски колега Мевлут Чауавушоглу во Анкара.

Тој повтори дека унгарската Влада одби да испорача оружје на Украина и не дозволи транспорт на оружје за украинската армија преку нејзина територија, а таа одлука ја оцени како добра, особено во светло на неодамнешниот настан во Лавов.

Не сакаме слични настани во областите во близина на унгарско-украинската граница населени со етнички Унгарци“, изјави министерот за надворешни работи.

Руското Министерство за одбрана на 18 април објави дека користејќи ракети со висока прецизност нападнале цели во близина на Лавов и го уништиле логистичкиот центар на украинската армија и големи пратки странско оружје што пристигнале во Украина неколку дена претходно од САД и европските земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.