Руските сили ги напаѓаат украинските позиции долж целата линија на фронтот долга околу 500 километри во источниот регион Донбас, соопштија украинските власти.

Долгоочекувана руска офанзива на Донбас, во чиј состав се и самопрогласените републики на проруските сепратисти Доњецк и Луганск почна.

Ние нема да се предадеме – порача претседателот на Украина.

Русија не размилсува да користи нуклеарно оружје во Украина, изјави шефот на руската дипломатија и во интевјуто за индиски медиум објави дека руската воена операција во Украина влегува во нова фаза.

Руската армија објави дека отвориле хуманитарен коридор за  украинската војска и платениците од странство кои се кријат во фабриката Азовстал во Маирупол.

Властите во Киев, според Москва, им забрануваат на нивните војници да се предадат, украинските власти негираат.

Градските власти во Мариупол велат дека во фабриката се кријат и многу цивили, меѓу кои и деца, но руската страна негира.

Борбата за градот трае речиси два месеца. Падот на Мариупол, главното пристаниште во регионот Донбас, би била стратешка награда за Русија, бидејќи ќе ја поврзе територијата што ја држат проруските сепаратисти на исток со Крим, кој руските сили го анектира во 2014 година.

Евакуацијата на цивилите заробени во конфликтните области е во застој. Трет ден по ред нема хуманитарани коридори за евакуација, за што двете страни меѓусебно се обвинуваат.

Руската амрија потврди дека во текот на минатата ноќ бомбардирала над 1260 воени цели ширум Украина додека украинската амрија се пофали дека на непријателот му уништила 10 тенкови, еден авион, четири дронови и две крстаречки ракети во последните 24 часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.