Пакистанската полиција денеска уапси маж осомничен дека го убил своето седумдневно девојче, затоа што сакал неговото првородено дете да биде машко, соопштија властите во градот Мјанвали.

Бебето по име Џенет, што на официјалниот урду јазик во Пакистан, значи „рај“, било застрелано со огнено оружје во понеделникот неколкупати, соопшти полицијата. Осомничениот е уапсен во близина, се вели во извештајот на полицијата.

Организациите за човековите права предупредуваат дека девојчињата и жените во Пакистан редовно се соочуваат со насилство од најразлични причини. Оваа земја е на трето место над последното, во однос на родовата еднаквост, се наведува во извештај на Светскиот економски форум за 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.