Мајка е уапсена откако го заклучила својот син во багажникот од автомобилот. Станува збор за учителката Сара Бим од Тексас која го „изолирала“ синот кој бил позитивен на ковид-19 во багажникот за таа да се заштити од вирусот. Таа е обвинета за загрозување на детето, објави Би-Би-Си.

Сведок на настанот ја повикал полицијата, а кога полицијата наредила да им го отвори багажникот внатре го пронашле момчето. Бим рекла дека нејзиниот 13-годишен син бил позитивен на ковид-19 и дека го однела на стадионот Пријдеон на уште еден тест за да го потврди резултатот.

Мајката наводно рекла дека го ставила синот во багажникот на автомобилот затоа што не сакала самата да се зарази.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.