Стотици домови и згради се загрозени од шумски пожар во cеверна Калифорнија.

Официјални лица соопштија дека пожарот, кој избувна вчера попладне во близина на реката Јуба во регионот на Невада, за кратко време се проширил на повеќе од 202 хектари земјиште.

Пожарот ги зафатил руралните области на планинскиот венец Сиера Невада и областите во близина на границата со Невада.

Наредена е евакуација на околу 350 куќи и други објекти. Се прават обиди и од копно и од воздух за да се изгасне пожарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.