Германското Министерство за одбрана е принудено да смисли нови начини за набавка на гранати за потребите на украинската војска, пишува магазинот „Шпигел“. Според шефот на специјалниот штаб за Украина, генералот Кристијан Фројдинг, артилерија и противвоздушна муниција „не се во изобилство на полиците на продавниците“.

Се обидуваме да добиеме муниција од целиот свет“, вели тој.

Шпигел“ забележува дека резервите на Украина ќе се потрошат „најдоцна до јуни“, но можеби и порано. Артилериската муниција е исто така дефицитарна и во Европа – земјите веќе купуваат околу 70% од својата воена опрема од САД и оваа зависност расте. Според пишувањето на „Шпигел“, останува малку време – летото е нешто повеќе од три месеци.

Според германскиот весник, една од опциите што ги разгледува германската влада е да набави гранати од Индија. Во текстот се вели дека Германија и Индија тајно разговараат за набавка на гранати за украинските вооружени сили.

Изданието пишува дека Индија има „неколку стотици илјади“ артилериски гранати, а Германија преговара со неа да ги купи за потребите на Украина преку посредници.

Преговорите се водат во тајност, бидејќи Њу Делхи не сака да ги расипе односите со Москва и категорично негира какви било испораки во Украина, се вели во текстот.

Во истиот напис се наведува дека слични преговори се водат и со други земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.