Северна Кореја денеска спроведе вежби со боева муниција и истрела артилериски гранати во морето северно од јужнокорејскиот остров Јеонгпјеонг.

Надлежниот округ на Јужна Кореја објави дека војниците на островот Јеоенпјеонг одговараат на огнот, а жителите се советувани да бидат внимателни кога се на улица.

Војската на Јужна Кореја ја повика Северна Кореја да ги запре воените активности кои ги зголемуваат тензиите во близина на границата и најави одговор на „провокациите“ на Пјонгјанг.

Во петокот, на жителите на Јеонпјеонг и на соседниот остров Бенјеонг, кои се блиску до границата со Северна Кореја, им беше наредено да се упатат кон засолништата за бомбардирање поради севернокорејскиот артилериски оган. Според Сеул, тогаш биле испукани повеќе од 200 гранати на што јужнокорејската армија возврати со артилериски вежби во Јеонпјеонг неколку часа подоцна.

Претставници на САД, Јапонија и Јужна Кореја вчера во Вашингтон разговараа за можностите за соработка меѓу трите земји, особено во областа на зајакнување на регионалната економска безбедност, како дел од третиот трилатерален индо-пацифички дијалог.

Тие ги осудија севернокорејските власти за „развојот на нелегални нуклеарни и балистички ракетни програми, растечката воена соработка со Русија и тешките кршења на човековите права“. Претставниците ја потврдија важноста на мирот и стабилноста преку Тајванскиот теснец како неопходни за безбедноста и просперитетот на меѓународната заедница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.