Вооружен маж, за кој се верува дека синоќа сам дејствувал, застрелал седум лица и ранил осум во црква на Јеховините сведоци во германскиот град Хамбург, соопшти полицијата која го истражува мотивот за нападот.

Полицијата наведе дека напаѓачот најверојатно е еден од загинатите на местото на злосторството. Весникот „Билд“ објави дека пукањето се случило во кралската сала на црквата.

Претходно, ДПА, повикувајќи се на новинари од местото на настанот, јави дека жителите на северниот кварт Алстердорф добиле предупредувања на мобилните телефони да не излегуваат поради ситуација опасна по живот. Телевизиските снимки покажаа десетици полициски автомобили и противпожарни возила кои ги блокираат улиците.

Полицијата соопшти дека била повикана нешто по 21 часот, а униформираните службеници кои пристигнале на местото на настанот пронашле неколку мртви и неколку тешко повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.