Поранешната телевизиска новинарка Екатарина Дунцова е спречена да се кандидира против рускиот претседател Владимир Путин на изборите следниот март поради „грешки“ во барањето за кандидатура, објави нејзиниот изборен штаб на комуникациската платформа „Телеграм“.

Одлуката е донесена само три дена откако 40-годишната Дунцова поднела барање до Изборната комисија да биде регистрирана како кандидат. Таа имала намера да се кандидира со програма која вклучувала ставање крај на војната во Украина и ослободување политички затвореници.

На видеото објавено од руски телевизиски канал се гледа состанок на Централната изборна комисија, на кој сите членови гласале да не и се дозволи на Дунцова да се кандидира.

Кога Дунцова рече дека сака да се кандидира минатиот месец, коментаторите различно ја опишаа како луда, храбра или како дел од планот што го смислил Кремљ за да изгледа дека Путин има конкуренција.

„Секој разумен човек што ќе го преземе овој чекор би се плашел – но стравот не смее да победи“, изјави Дунцова за Ројтерс во интервјуто во ноември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.