Советот за безбедност на Обединетите нации денеска не ја усвои американската нацрт-резолуција за прекин на огнот во Газа.

За резолуцијата гласаа 11 членки на Советот за безбедност, а Русија, Кина и Алжир беа против, додека Гвајана беше воздржана.

Американската абасадорка во ОН, Линда Томас Гринфилд, по гласањето изјави дека Русија и Кина не сакале да гласаат за американската резолуција само да го видат неуспехот САД.

-Русија уште еднаш ја стави политиката над напредокот, рече амбасадорката, пренесува Би-Би-Си.

Во американската нацрт-резолуција се наведува дека „императив е итен и траен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас во Газа“ со цел да се заштитат цивилите и да се овозможи доставување хуманитарна помош до повеќе од два милиони прегладнети Палестинци



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.