Повеќе од 3.000 американски воени лица пристигнаа на два воени брода како дел од засилениот одговор на САД, откако Иран заплени танкери во Црвеното Море, соопшти американската морнарица.

Таквиот потег го натера официјален Техеран да ги обвини САД дека ја поттикнуваат регионалната нестабилност. Како што се наведува во иранското соопштение, „распоредувањето придонесува на растечкото американско воено трупање во напнатите водни патишта во Заливот кои се клучни за глобалната трговија со нафта“.

Американската војска соопшти дека Иран или запленил или се обидел да ја преземе контролата над 20 бродови со меѓународно знаме во регионот во последните две години.

Американските морнари и маринци пристигнаа во Црвеното Море во неделата откако минаа низ Суецкиот канал по однапред објавен распоред. Тие пристигнаа на воените бродови, обезбедувајќи поголема флексибилност и поморска способност на Петтата флота“, се вели во соопштението на командата на Петтата флота на американската морнарица, со седиште во Бахреин.

Портпарол на Петтата флота, Тим Хокинс, додаде дека „Рраспоредувањето придонесува за напорите за одвраќање на дестабилизирачките активности и деескалација на регионалните тензии предизвикани од вознемирувањето и запленувањето на трговските бродови од Иран“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.