Американскиот министер за финансии Џенет Јелен рече дека целосната забрана за извоз на руска нафта најверојатно ќе доведе до „огромно зголемување“ на цената на нафтата на светскиот пазар, што би им наштетило на САД и нивните демократски сојузници, пренесува Бета.

Во своето сведочење пред Комисијата за финансии на Претставничкиот дом, Јелен вчера рече дека се надева оти нафтените компании во САД и другите делови на светот, мотивирани од сегашните високи цени на таа енергија, ќе можат да го зголемат производството во следните шест месеци.

Јелен уште истакна дека руските активности во Украина ќе имаат „огромни последици во Украина во иднина“. Според неа, прелевањето на кризата ја зголемува економската ранливост во многу земји кои веќе се соочуваат со зголемено должничко опотоварување и ограничени опции додека закрепнуваат од ефектите на пандемијата Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.