Американската армија соопшти дека САД на есен ќе распоредат дополнителни 260 војници во Европа како поддршка на своите сојузници на континентот додека руската војна во Украина влегува во седмиот месец.

Војниците бидат од 101-та дивизиска бригада од Форт Кембел, Кентаки, се вели во соопштението на армијата.

Дополнителните војници ќе помогнат да ја поддржат непопустливата посветеност на САД кон нашите европски и НАТО сојузници. Ова привремено распоредување е одговор на инвазијата врз Украина и не е трајна промена на целокупната позиција на армиските сили во Европа – се наведува во армиското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.