Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин побара од полициските префектури ширум државата да го зголемат надзорот над црквите и мисите в понеделник, на католичкиот празник Вознесение на Богородица, поради постоење терористичка закана.

Би сакал вашето внимание да биде особено насочено за време на мисите, собирите, поворките на 15 август – се вели во упатствата на Дарманен до префектурите.

Според него, високото ниво на терористичка закана бара „зголемена будност на верските места“.

Војниците од операцијата „Стражар“ исто така можат да бидат распоредени и треба да бидат видливи со улога на одвраќање, додаде францускиот министер. Таа операција беше покрената по терористичките напади во 2015 година во францускиот главен град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.