Холандскиот премиер, Марк Руте, за време на посетата на Киев, изјави дека војната во Украина може да трае долго, но дека Западот треба да продолжи да ја поддржува земјата на сите можни начини.
Оваа војна може да трае подолго отколку што очекувавме и се надевавме. Но, тоа не значи дека ќе останеме со скрстени раце и ќе гледаме од страна како се одвива ситуацијата. Мораме да останеме фокусирани и да продолжиме со нашата поддршка на секој начин – изјави Руте на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Холандскиот премиер најави и испорака на нови артилериски системи со долг дострел, како и финансиска помош за Украина во износ од 200 милиони евра.
Ова е прва посета на Руте од почетокот на војната во Украина на 24 февруари.
По средбата со холандскиот премиер, Зеленски на Телеграм ги поздрави „конструктивните“ разговори што ги имал со Руте и се заблагодари на Холандија, за која напиша дека е „дел од првите топ 10 пријатели на земјата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.